Генерално се чини дека сите малку се плашиме од стареењето. Стареењето влијае да се соочуваме со нашата сопствена смртност и сфаќаме дека некои работи се поинакви отколку во младоста. Но, има три клучни работи кои се случуваат кога ќе наполниме 40 години, особено кај жените, кои всушност се одлични.
Сексот е далеку подобар
Има научни истражувања кои велат дека најдобриот секс не е во младоста туку некаде помеѓу 32 и 46 години. Тогаш жената знае што сака и го познава своето тело.
Бракот веќе не ѝ е најважната работа на светот
Во последните години, најчесто се разведуваат жени во 40-тите. Децата веќе се малку пораснати, а парот сфатил дека нема многу заеднички работи. Во случаевите на разводи во 40-тите години, во 65% од случаите, жената е иницијатор на разводот. Причината е што во овие години жените стануваат попрагматични и не сакаат да се саможртвуваат. Со други зборови, се уморуваат да ги носат работите на своите рамена.
Има време за себе
Во современиот свет, жената во 40-тите години има деца кои обично имаат над 10 години. Децата се понезависни, а жената добива повеќе слободно време. Ова е чисто женска карактеристика, затоа што жените обично повеќе се грижат и за домот и децата. Кога децата ќе пораснат, жената има повеќе време да се грижи за себе, има побогат социјален живот и слично.