Скопје: Дознал дека мајка му починала - го нашле крвав

Вистинска драма се одвивала синоќа во 21 часот и 50 минути во Прифатниот Центар за Странци во Скопје. 19-годишниот С.М. од Авганистан, кој е привремено сместен во Центарот се самоповредилсо остар предмет.

Младото момче си нанело гребаници по горниот дел од двете раце над дланките и двете нозе во долниот дел, откако по телефонски разговор со татко му дознал дека неговата мајка починала.

На истиот му е укажана лекарска помош.