Несреќа во Илинден: Работник во безсознание пренесен на Ургентен

Во 12 часот и 49 минути во Полицијата во Петровец, било пријавено дека истиот ден во 12 часот и 30 минути во населба Илинден, во објект во изградба, 51-годишниот К.Т. од Куманово, вработен во фирмата „Адора Инженеринг“, при вршење градежни работи, паднало од скеле во висина од околу 3,80 метри.

Мажот паднал во безсознание и почнал да крвари од носот. Со возило на Итна медицинска помош бил однесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.