Скопјанка касната од куче на гробиштата во Бутел

Вчера во 18.20 часот во Полициската станица Чаир, С.Ш.(70) од Скопје пријавила дека во кругот на Градските гробишта Бутел била касната од куче скитник.

Уште еден случај на напад од улично куче бил пријавен во 13.40 часот во Полициската станица Чаир. М.А.(44) од Скопје пријавил дека во близина на основно училиште на подрачјето на Чаир неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.