Скопјанец се прободел сам со нож

На 24.01.2018 година во 11,30 часот во Единицата за известување и команда -Скопје, телефонски од страна на доктор од итна медицинска помош било пријавено дека во с.Трубарево Д.А. (61) бил прободен со нож.

По извршениот разговор со таткото на повредениот, тој кажал дека Д.А. во еден момент разочаран и видно изнервиран почнал главата да ја удира во ѕид, по што земал нож и си нанел еден убод во пределот на градниот кош.

Од страна на итна медицинска помош Д.А. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“-КАРИЛ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување .