Сега му се исполни желбата на големиот Тоше: Нека знае светот за нас Македонците!

Македонија слави и се радува откако синоќа македонските фудбалери приредија сензација во Палермо и со голот на Александар Трајковски во 92 минута обезбедија пласман во финалето на мундијалскиот бараж во кое противник во вторник ќе им биде Португалија во Порто.

Свој интересен осврт за емоциите кои ни ги донсе оваа победа напиша Дамјан Милошевски, кој е страствен поддржувач на спортот, во објава на својт фејсбук профил. 

Еве што пишува тој: 

-Синоќа без никаква организација, на плоштадот Македонија во Скопје обединети сите пеевме, славевме и се радувавме како да сме европски шампиони, можеби и сме, го исфрливме европскиот шампион.

Имавме среќа да, но и момците покажаа како се игра со срце за националниот дрес без разлика на националноста и верата.

Толку малку ни фали да бидеме среќни, сложни и весели, можеме многу да научиме од тимскиот дух на македонските фудбалери.

Синоќа случајно запознав луѓе кои патуваат низ светот и се најдоа во Скопје, момче и девојка од Велс, ОК и еден дечко од Јапонија. Едноставно беа толку воодушевени од распеаниот народ. Ова го нема на запад, се радуваме технички на ништо, но сепак не е ништо, ние сме мала држава со многу капацитет.

Сега му се исполни желбата на големиот Тоше: Нека знае сега светот за нас Македонците. Епа дознаа синоќа.

Фудбалот е најубавата игра на светот.

Добро утро победничка Македонијо.