Доаѓате на собир со Луј Витон, Ролекси и глумите ѕвезди, а на терен сте - ФК Долно Дупени

Македонија вечерва доживеа дебакл на „Олд Трафорд“ против Англија (0-7) во квалификациите за Европското првенство (ЕП), а тоа предизвика бурни реакции кај македонската публика.

Навивачите не се задоволни од настапот на македонските фудбалери, иако играа против моќната Англија, но ова не е прво разочарување.

Пред неколку дена Македонија разочара и против Украина, откако водеше со 2-0 на полувреме, а на крајот загуби со 2-3.