Македонија се сака и кога губи, ама вие претеравте: Најголем пораз во историјата за фудбалерите

Македонската фудбалска репрезентација вчера доживеа дебакл на „Олд Трафорд“, каде што прими седум гола од Англија (0-7) и тоа беше најголемиот пораз во историјата за фудбалерите.

Иако се најавуваа подобри времиња за македонскиот фудбал, како и пласман на Европското првенство (ЕП) во 2024 година, сепак делува дека сме го допреле дното, а тоа предизвика и голем број реакции на социјалните мрежи.