Разбиен маркет во Карпош, извршена е кражба на производи

Кражба во маркет на подрачјето на една скопска општина. 

Денеска (30.11.2023) во 04.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 21.30 часот на 29.11.2023 до 04.10 часот на 30.11.2023 со употреба на тврд предмет е влезено во маркет на подрачјето на Карпош и се одземени производи, информираат од полицијата. 

Полициски службеници излегле на местото, извршен е целосен увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.