Пронајдени коски во подрум на куќа во Скопје

23-годишник пријавил дека при чистење пронашол коски.

- На 24.07.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје, Џ.Ф.(23) од Скопје пријавил дека при чистење на подрум во куќа на подрачјето на Радишани пронашол коски и најверојатно станува збор за стари коски, соопшти МВР.

Полициски службеници извршиле увид, а по наредба на јавен обвинител коските биле пренесени во Институтот за судска медицина за понатамошна постапка.