Се запали куќа во скопско Ѓорче

Се запали куќа во една скопска општина. 

На 03.01.2024 во 13.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар во куќа сопственост на Ќ.С.(67) од Скопје. Од пожарот делумно била зафатена и соседната куќа, сопственост на Р.Ц.(70) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.