Неуспешен обид за насилна кражба во обложувалница во Кисела Вода

Неуспешен обид за кражба во обложувалница во Скопје. 

- На 10.03.2024 во 23.23 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачје на Кисела Вода едно лице со закана кон вработениот се обидело да одземе пари, но не успеало, соопшти полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.