Сончево и тивко време, температури до 17 степени

Времето денес ќе биде типична пролет. Не очекува сончево и тивко време со мала локална облачност. Утринските температури во поголем дел од земјата освен во јужните делови, ќе бидат под нулата, во текот на денот ќе биде сончево и топло со температура  од 9 до 17 степени.

Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево и тивко. Минималната температура ќе падне на 3 степени под нулата, а максималната дневна температура ќе досгтигне 15 степени.