Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, температури до 17 степени

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во вечерните часови со врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни. Минималната температура ќе се спушти до 7, амаксималната ќе достигне 15 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време, во среда со повремен локален дожд.