Вчера во Скопје се одржа традиционалната предновогодишна Дедомразовска трка на која учесниците трчаа облечени во костуми на Дедо Мраз. На оваа трка учествуваше и министерот за финансии Драган Тевдовски.

„Убав ден за полнење на батерии. Дедомразовска трка, трчање на Водно, фудбал Економски-Правен факултет 3:1“, стои во објавата на министерот на неговиот фејсбук-профил.

Трката, во должина од два километра, ја организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“. Трката почна и заврши во паркот „Жена-борец“, а се трча кон мостот кај МНР, покрај Вардар до Камениот мост и преку плоштадот „Македонија“ до целта.