Стефанија и Хатиџе примија Трикафта: Белодробната функција им е подобрена, досега 32 пациенти примиле лек

Стефанија(13) и Хатиџе(15) во четвртокот го примија лекот Тикафта на Клиниката за детски болести. Министерот за здравство, Илир Демири, кој денес ги посети рече дека пет дена по примањето на лекот белодробната функција им е подобрена, а модуларната терапија дава брз ефект.

- “Ме информираа дека сега животот им е поубав. Подобро дишат, имаат зголемен апетит и задоволни се што почнаа да го примаат лекот кој живот значи. Среќен сум што ги враќаме насмевките кај пациентките, но и кај нивните родители. Чест ми е што денеска имав можност да ги запознаам и да поразговарам со Стефанија и Хатиџе. И државата и Министерството за здравство се грижат за пациентите со цистична фиброза“, вели Демири.

Досега, 32 пациенти имаат примено трикафта кои етапно се вклучуваат на терапија.

Лекот е безбеден, одобрен од Европската медицинска агенција и ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив велат од Министерството за Здравство