„Болните бараат лек, а вие политичарите правите циркуз од здравството, образованието и целиот систем“, реагираат граѓани

Министерот за здравство, Фатмир Меџити кажа дека пациент правел шоу додека го барал лекот „трикафта“, по што Игор Пехчевски веднаш побара извинување и да се донесе лекот од кој му зависи животот.

Изјавата на министерот Меџити предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, а граѓаните реагираат дека политичарите се виновни што земјата се наоѓа во ваква ситуација.

- Болните бараат лек, а вие политичарите правите циркуз од здравството, образованието и целиот систем, вели еден граѓанин.

- Никој не прави шоу, вие само си ги зголемувате платите, а пари за луѓето со тешки болести нема. Сè уништивте, се пожали корисничка на фејсбук.

- Се бори за живот и тоа е многу? Не смее да се бори ли за живот? Кога ќе дојдете на власт, веднаш заборавате сè, обвини друг граѓанин.