Маж донесен со тешки повреди на Клиника

Турчин со тешки повреди бил донесен во болница во Скопје. 

- На 11.03.2024 во 10.20 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Х.У.(50) од Република Турција. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи на објект во изградба на подрачјето на Центар, информираа од МВР.

За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.