53-годишен маж со тешки повреди примен на Клиника, бил пронајден во домот на брат му

Од Комплексот клиники денес било пријавено дека кај нив е примен маж кој бил донесен со тешки повреди. Според пријавеното тој бил пронајден во домот на неговиот брат

„Денеска (22.03.2024) во 01.44 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Е.А.(52) од Скопје. Според пријавеното, околу 19.30 часот тој бил пронајден во домот од неговиот брат М.А.(53). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.