Истепал медицинска сестра на скопската клиника, полицијата го уапсила

Полициските службеници од полициска станица Центар вчера го уапсиле Б.Т.(44) од Гевгелија откако во 10:45 часот физички ја нападнал медицинската сестра Н.Р.Б(41) од скопско.

По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.