Марихуаната станува легална во Македонија

 Министерството за здравство ја почна постапката за легализација на марихуаната.

Информацијата денеска на прес конференција ја соопшти министерот за здравство Никола Тодоров. Тој додаде дека во Македонија ќе се одгледува марихуана во строго контролирани услови.

Изготвен е предлог закон кој треба да помине на владина седница и низ собраниската процедура а очекувањата се дека легализацијата би почнала некаде во март идната година.

Канабисот ќе може да се одгледува во Македонија и тоа само од правни субјекти кои ги исполнуваат строгите критериуми што ги предлагаат здравствените власти. Мора да има агроном и фармацевт што ќе го надгледува процесот на одгледување, 24 часовен надзор како и посебни услови за местото каде ќе расте канабисот.

Тој не смее да се извезува, но за странскиот пазар ќе може да се нуди маслото односно екстрактот од канабис. Крајниот производ ќе биде строго контролиран и точно ќе се знае кој може да го пропише а кој да го прима маслото. Предвиден е за болни од рак, ХИВ и други дијагнози кои ќе ги пропишува специјалист од болница и со рецепт ќе го подигнува од аптека.