Канабидиол (CBD) чувар на менталното здравје

Екстрактите со канабидиол (CBD) не се психоактивни, не предизвикуваат зависност, немаат седативно дејство и се безбедни за употреба преку целиот ден.

Кога зборуваме за третирање на ментални проблеми, особено за депресијата, опциите за третман се ограничени. Во повеќето случаеви, на фармацевтските лекови им е потребно многу време, од неколку недели до месеци, за пациентите да почуствуваат некакво подобрување, а многу од антидепресивите имаат и долга листа на потенцијални несакани ефекти.

Наспроти ова, канабиноидите, особено канабидиолот (CBD), како природни состојки, помагаат во одржување на балансот на менталното здравје. Тие учествуваат во регулирање на сонот, апетитот, расположението и справувањето со стресот. Канабидиолот делува на истите рецептори во мозокот како и одредени антидепресиви, без да ги предизвика несаканите ефекти.

Канабиноидните рецептори во голем број се присутни во делови од мозокот за кои е познато дека се поврзани со контрола на емоционалното однесување, расположение, сон, стрес, страв, иритабилност и чувство на желба. Досегашните испитувања покажуваат дека активирањето на овие рецепториво мозокот од страна на канабидиолот, ги намалува срце биењето и покачениот притисок, паничното и анскиозно однесување како последица од стресот. Внесувањето на канабидиол помага во ослабување на познатиот “бори се или бегај” феномен кој се јавува како последица од физички и ментален стрес.

Канабидиолот ги инхибира негативните симптоми кои се јавуваат кај лица при јавни настапи и кај оние кои чувствуваат непријатност, страв и вознемиреност во гужви. Помага за подобра фокусираност и разбистрување на мислите.