Може ли маслото од канабисис да го победи ракот, кој дел од растението е лековит, постои ли старосна граница за употреба во медицински цели, смеат ли да го користат деца за одредена болест. Ова беа дел од најчесто поставуваните прашања за канабисот на јавната дебата во организација на Зелена Алтернатива која вчера попладне се одржа на школка во градскиот парк.

-Најпоставувано прашање е дали маслото од канабис лекува рак. Медицината не го докажува тоа сеуште, но постојат бројни примери и тоа и во Македонија кои го потврдуваат тоа, вели Филип Достовски, граѓанска организација Зелена Алтернатива.

Врвни експерти од Канада и САД кои со години ги истражуваат лековитите својства на канабисот беа гости на денешната јавна дебата. Граѓаните кои беа присутни, а ги имаше од сите генерации имаа можност директно да ги прашаат се што ги интересираше за лековитото растение.

-Има околу 140 различни супстанци кои се сметаат за лековити материи, изјави д-р Пол Хорнби, истражувач на канабисот од Канада.

Неговиот колега, професотот Роберт Меламед од  Колорадо САД тврди дека канабисот е безбедеден.

Од организацијата Зелена алтернатива велат дека освен за тешки болести канабисот помага и против стресот, несоницата, мигрената.

За разлика од претходните 4 семинари, денешната јавна дебата петта по ред на Зелена алтернатива се организираше на отворено во природа што претставува симболика на канабисот.