Канабис – контроверзна билка на новото време

Канабис (лат. Cannabis) е билка позната и под името коноп, за која е карактеристично долго зелено стебло и опоен мирис. Таа својата максимална висина ја достигнува во рок од 6-8 месеци и е една од билките кои бараат особено специфични услови за да успеат, како доволно сончева светлина, и температура над 15 степени.

Билката денес се користи како една од најопојните дроги во светот, која освен познатите последици кои ги предизвикува врз човекот, е предмет на голем број дебати, поради се’ уште актуелните истражувања за нејзиното влијание. Канабисот расте во 3 основни видови, од кои најпознат е обичниот коноп или Cannabis sativa. За неа е карактеристичен и силниот опоен мирис, а се комбинира и со храна и други хемиски состојки. Главната состојка од која се состои, претставува ТХЦ, која во зависност од тоа во кој интензитет се содржи, ја диктира и јачината на дрогата, и се мери според нејзиното количество.

Нејзиното својство е  менување на состојбата на свеста, со тоа што ги опушта одредените реакции на ќелиите. Консумацијата на марихуаната како дрога произведена од канабисот, може да доведе до сериозна зависност и потреба за нејзина неконтролирана консумација, но во последно време се откриваат и голем број позитивни ефекти од нејзино ограничено конзумирање. Голем број од светските истражувања денес се насочени токму кон позитивното влијание на канабисот во медицината и лекувањето на тешките болести, и генерално, канабисот се предвидува како еден од најдобрите лекови на новото време.

Користењето во медицински цели поттекнува од многу одамна, од пред околу 4000 години, со што денес таа е една од најпознатите и најконтроверзни билки на денешницата. Области каде е потврдено сигурното , позитивно влијание на канабисот се :

  • мигрена
  • последици од хемотерапија
  • ублажува епилептични напади
  • нема штетно влијание на белите дробови
  • лекување на хронични болки

Кога станува збор за штетните ефекти, најголем дел од нив се однесуваат на:

  • влијание на бременоста кои најмногу ќе се однесуваат на проблеми со нервниот систем и концентрација на бебето кое треба да се роди и забавена моторика и оштетувањето на имунолошкиот систем.
  • Занемарување и намален поттик за секојдневните активности што резултира и со намалена концентрација, премореност и занемарување на личноста
  • Поттик на деликвентно однесување и агресивност

Постои период од 3 до 30 дена во кој THC може да остане во метаболизмот, при што во различни делови на телото остава траги. Канабисот како билка денес е тема на најголемите светски дебати, и отвара голем број на прашања кои се однесуваат како на човековото здравје, така и на човековата иднина. Светот денес е сведок на голем број на позитивни ефекти од легализацијата на марихуана во однос на лекување на голем број на болести, како и намалена консумација, додека во Македонија се’ уште се прават чекори за издејствување како легална супстанца. Последниот позитивен исход кој го добивме, беше легализирана употреба на маслото од канабис, кое може да се најде во аптеките.