Малолетник со дрога фатен по полноќ во скопско Ѓорче

Малолетник со марихуана фатен од полиција по полноќ во скопско Ѓорче. 

Денеска (17.04.2024) во 00.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од с.Ново Село, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од полицијата во дневниот билтен.