Тешко повреден малолетник при пад од мотор, удрил во бетонски столб

Вчера било пријавено дека е тешко повреден малолетник кој паднал од мотор. Повредите му биле констатирани во Градската болница.

На 29.03.2024 во 11.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Теодосиј Гологанов“ во Скопје малолетник од Скопје кој управувал мопед „априлиа“ со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот и удрил во бетонски столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје