Кога станува збор за љубовта, силните жени едноставно никогаш нема да си дозволат да преминат некои граници, затоа што знаат колку вредат. Во продолжение прочитајте кои грешки тие никогаш не ги прават.

Нема да се сплеткаат со бившиот само затоа што се чувствуваат осамено

Силните жени никогаш не се враќаат на старо, особено ако е во прашање маж кој не им донел никакво задоволство и среќа во животот. Можеби вашиот поранешен ви дава знаци дека сака да се смирите, но во такви моменти само потсетете се зошто сте ја прекинале врската и каков бил за време на истата, па одма ќе ви биде јасно дека не треба да реагирате на неговите знаци.

Немаат потреба намерно да го прават партнерот љубоморен

Во младите денови бевме подготвени на се и сешто за да пробудиме љубомора и да добиеме внимание. Сега не си дозволуваме такви игри затоа што не сакаме да будиме било каква несигурност кај партнерот само за да се чувствуваме поудобно во своја кожа. Мала доза љубомора е здрава, но само кога е во прашање „природна реакција“. Намерно предизвикување љубомора долгорочно не е добро за ниту една врска.

Не го чекаат неговото јавување или неговата порака

Седење до мобилниот во исчекување на неговото име на екранот? Силните жени ја оставиле таа навика во средното училиште каде и припаѓа. Никогаш никого немојте да чекате само гледајте напред. Заслужувате маж кој сака да ве чуе и да разговара со вас, а не некој кој ќе си игра со вашите чувства и ќе ве тера да го чекате.