Љубовни лекции кои ги учиме во секоја година од своите дваесетти

Целиот живот постојано учиме многу работи за нас, другите луѓе, животот и љубовта, но сепак најголемите лекции ни доаѓаат во дваесетите години.

20 – На возраст од 20 години, сфаќаме дека првата љубов не е нешто што трае засекогаш. Колку и да сакаме да ја задржиме љубовта која тогаш ја имаме, не можеме да го постигнеме тоа. Го доживуваме првото скршено срце и учиме дека љубовта не е вечна.

21 – на оваа возраст, почнуваме со првите casual врски. Што и да значат тие. Уште сме повредени од првата љубов и на оваа возраст експериментираме.

22 – На оваа возраст, без оглед на тоа дали сме во врска или не, минуваме низ многу грешки кои влијаат на нашата самодоверба. Влегуваме во врски кои можеби се пријатни и фини, но не и страствени. И обратно. Пробуваме да се најдеме себеси. Во текот на оваа година, учиме дека понекогаш да се биде сам е подобро отколку да се биде во лоша врска.

23 – На оваа возраст, учиме да бидеме независни. Правиме пауза од  многу работи и се посветуваме на пријателите. Во текот на оваа година, учиме да се сакаме себеси.

24 – Во овој период, се бориме со тоа што го сакаме. Ни недостасува да сме заљубени и ни недостасуваат чувствата кои ги имавме додека бевме во врска. Се обидуваме да се преправаме дека мувањата и другите обиди се во ред, но всушност сакаме личност која ќе сака да биде во врска со нас.

25 – Оваа година почнува кризата во нашиот живот. Луѓето веќе имаат долги врски, некои од нив почнуваат да живеат заедно или да стапуваат во брак. Ние се чувствуваме сами. Ова е година во која учиме да не се споредуваме со другите и дека секој има своја приказна.

26 – На оваа возраст, учиме да сакаме повторно без да се плашиме. Ова е година во која си поставуваме многу прашања. Се водиме од срцето, но постојано размислуваме за многу нешта.

27 – Во текот на оваа година, стануваме постабилни финансиски и лично. Ја чувствуваме слободата од независниот живот. Учиме да бидеме среќни со тоа што го имаме, но не престануваме да имаме потреба од партнер кој ќе не сака и разбира.

28 – Ова е година кога учиме да не се губиме себеси во љубовта. Нашето срце е веројатно скршено повторно, се обвинуваме бидејќи сме и дале шанса на личност која тоа не го заслужува. Се прашуваме зошто луѓето си заминуваат од нашиот живот.

29 – Тогаш учиме дека некои работи не зависат од нас. Дека луѓето можат да доаѓаат и да си заминат од нашиот живот и дека тоа ќе се случува додека не најдеме вистинска љубов.