Велат дека 30-тата година е година во која се случуваат многу животни правци. И навистина се право. Но, за полесно да се справиме со овие животни пресвртници кои несомнено ќе ни се случат, потребно е да знаеме некои работи за поподготвени да влеземе во следниот период од нашиот живот.

Ова воедно е одлично време за темелно да размислите за сопствениот живот.

Не го претпоставувајте својот љубовен статус

Излегувате веќе 2 месеци и се е супер. Вие сте среќни, другата страна делува задоволна и дури и сте ги запознале со своите родители. Размислувате за тоа дека ова би можело да стане сериозно.

Тогаш би било добра идеја да седнете и да направите муабет за да знаете на што сте. Се додека не разговарате за вашите планови за иднината, не претпоставувајте дека сте во врска.

Романтичните гестови треба да бидат дел од врската

Гестовите се знак дека на вашите партнери им е грижа за вас и дека често размислуваат за вас. Подарувањето цвеќиња, чоколади или други едноставни гестови значи дека им е важно да сте среќни. Не треба да се надевате дека тие се мислат на вас, вие треба да бидете сигурни во тоа.

Ако одвреме-навреме вашите партнери не прават по некој романтичен гест за вас, време е да го преиспитате вашиот однос.

Друга личност нема душевно да ве исполни

Вечната среќа нема да ја пронајдете во партнерот, затоа што секогаш ќе има тешки моменти Она што треба да го запамтите е дека тогаш кога ќе бидете задоволни сами со себе, тогаш ќе пронајдете вистинска среќа. Ако не можете да се сакате себеси, нема да можете да сакате и друга личност. Не барајте во другите нешто што во суштина треба да го пронајдете во себе.

Просторот е добра работа

Ништо не е посекси од личност која е сигурна во себе. Па така, вашите сакани повеќе ќе ве почитуваат ако не ви е проблем да бидете сами, односно ако понекогаш го сакате тоа. Просторот е добра работа и да правите нешто што само вас ве интересира е сосема во ред, затоа што така се исполнувате себеси, односно покажувате дека не сте зависни од другите.

Она што е добро на почетокот, добро е и на крајот

На почетокот на врската е добро внимателно да го набљудувате однесувањето на партнерот. Однесувањето на почетокот на врската го определува долгорочното однесување. Ако мислите дека тие се чудни, не се грижат за вашите чувства или не ве почитуваат, тогаш немојте да мислите дека ќе го промените тоа.

Не можеме да ги промениме другите, само себеси. Ако состојбата на почетокот е добра, така ќе биде и на крајот, но ако веќе по неколку недели или месеци ги забележувате опасните знаци, време е добро да размислите за следниот чекор.