Најдобрите совети за љубовта, од нашите родители

Впрочем како и за многу аспекти од живеењето, нашите родители ги имаат најдобрите совети за нас. Зошто би било различно кога станува збор за љубовта?

Никогаш нема да бидете целосно задоволни, ако постојано гледате наоколу.

 Нема да запознаете една личност ако постојано гледате наоколу, и никогаш нема да цените еден разговор ако имате 10 други отворени разговори. Никогаш нема да видите нечија убавина, ако во својот ум замислувате друга личност.

Никогаш нема да бидете 100% сигурни во нешто.

Во животот, нема никогаш да бидете 100 % сигурни во тоа дали една личност е вистинската, особено ако вашето срце еднаш или повеќе пати било скршено. Понекогаш треба да му верувате на срцето, на вашата интуција. Знајте дека совршенството не постои, и затоа престанете да го чекате.

Ако чувствувате нешто за една личност, кажете и.

Играњето игри и криењето на чувствата нема да ве однесе никаде. Тоа нема да ви донесе мир, туку само напротив – анксиозност и депресија. Од друга страна пак, љубовта е ризик кој го преземаме во моментот кога се заљубуваме во една личност. Таа понекогаш носи и несреќа и скршено срце, но барем ќе знаеме дека сме пробале.

Комуникацијата треба да е лесна.

Комуникацијата треба да е едноставна и лесна – еден на еден. Без пораки, без игри и без измислени приказни. 

Љубовта не е едноставна.

Заљубувањето не е лесно и останувањето во љубовта не е едноставно. Денес, луѓето влегуваат во комплицирани врски и ситуации сметајќи дека тоа е љубов. Вистинската бара напор и компромиси, но таа треба да носи среќа и олеснување.