Кривични пријави за двајца скопјани фатени со марихуана

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе две кривични пријави против М.М.(32) и Д.П.(47) од Скопје поради „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.

При извршен преглед и легитимирање кај нив била пронајдена марихуана, информира МВР.