Кражба во скопски бутик, ја трунал продавачката и избегал

Две лица од Скопје, С.Е. (18) и А.И. (26), во продавница во еден трговски центар извршиле кражба.

Откако забележале дека нема продавач во близина, С.Е. зел еден дуксер и една блуза и со клешти, кои ги носел со себе, почнал да ги крши пластичните аларми од облеката со цел да му ги даде на А.И. за да ги облече и да излезе од продавницата.

Лицата биле забележани од вработената која се обидела да го фати и задржи С.Е., меѓутоа тој физички ја нападнал и избегал. Тој турнал и друго лице кое се обидело да го задржи и успеал повторно да побегне. А.И. бил задржан во продавницата се до доаѓање на полицијата.

Против двете лица поднесена е кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“.