Скопски бутик продавал лажни „Адидас“ и „Најк“

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Н. од Скопје и правното лице ДПТУ „Урбан фешн” ДООЕЛ Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма и прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама”.

Имено, пријавениот со намера за себе да прибави противправна имотна корист, а да ги оштети „Адидас“ и „Најк“ како носители на право на заштитени трговски марки и индустриски дизајн, измамил купувачи и пуштил во промет, односно понудил на продажба гардероба означена со лого „Адидас“ и „Најк“, произведена од непознато лице и набавена на непознат начин.

На 30 април, пак, во 18,30 часот, со товарно возило „мерцедес“ сопственост на ДПТУ „Алеџ Хем”-ДООЕЛ Скопје управувано од пријавениот превезувал текстилна стока со потекло од Р. Турција без да поседува соодветна документација за потеклото на истата.