Ограбен бутик за спортска облека - кражба вредна над 100.000 денари

Полицијата во Штип поднесе кривична пријава против 51 -годишниот С.Ф. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично  дело „тешка кражба“  и против 39-годишниот  Т.З. од Штип  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“.

На 21.02.2017 година, во периодот од 01.30 до 05.15 часот во бутик за спортска облека во Штип, С.Ф. со употреба на сила и подесен алат насилно ја отворил влезната врата од каде одзел 23 комплети тренерки, ранец и спортска  торбица со  што причинил материјална штета од 115.580 денари. Т.З.  му помогнал на  С.Ф. на начин што  на користење му дал една од неговите соби и тој лично на повеќе лица ги продал предметите  набавени  со кривичното дело, соопштуваат од МВР.