Коњ трчал во спротивен правец на автопатот Скопје-Тетово

На социјалните мрежи сношти е објавено несекојдневно видео. Имено, растрчан коњ е снимен на автопатот Скопје-Тетово, како се движи спротивно на насоката на лентата. 

Ваквите ситуации можат да бидат навистина опасни, бидејќи ако коњ со голема брзина удри во возило кое исто така се движи со голема брзина, исходот може да биде фатален. Исто така, несреќа може да се случи доколку забрзаните возила се обидат да го избегнат коњот. 

За среќа, избегнати се такви сценарија и во оваа случка нема ниту повредени, ниту пак се случила несреќа. 

Коњот, наводно, се испуштил од запрежната кола и почнал да бега. Во неговото зауздување морала да се вклучи и полицијата.