Граѓани со автомобил влечат коњ низ скопските улици (Видео)

На интернет беше објавена снимка на која може да се забележи како граѓани со автомобил влечат коњ низ скопските улици.

Животното во еден момент паѓа на улицата, по што автомобилот продолжува да се движи и го влече по него, додека не почна реакцијата од останатите возачи.

Потоа излегуваат тројца луѓе за да го кренат животното, а потоа продолжуваат да го влечат.

Видео: Макфакс