Коњ колабираше на улица во Скопје

Ова е денешна фотографија од колабиран коњ, направена на Бит Пазар. Коњот го користат Роми кои собираат секундарна суровина и друг отпад.

Фотографијата е објавена на ФБ страница посветена за домашни животни и миленичиња и не е прва, за жал.

Бројни фотографии се објавуваат со колабирани, изнемоштени и физички казнувани коњи од нивните сопственици, кои се користат до смрт за разни тешки работи, но никој досега не застана на пат на ова состојба и измачување на животни.