Кери Еган, новинарка на „Њујорк Тајмс“, вели дека врската завршува во моментот кога партнерите ја губат волјата да дознаат нови работи еден за друг.

Еган вели дека тоа најдобро се прикажува преку пример од нејзиниот сопствен живот, кога на медениот месец открила дека нејзиниот сопруг се напил со пријателите на неговата ергенска вечер, се степал со некои други луѓе и сите завршиле во полициска станица.

Таа помислила: „Мојот живот се темели на лаги!“

Сепак, Еган набргу сфатила дека никој од нас не знае се за својот партнер кога со него ќе стапи во брак, а тогаш се наметнал еден сосема логичен заклучок.

Таа вели: „Бракот трае се додека личноста со која заеднички сте се заколнале на верност, останува мистерија за вас. Секогаш ќе има работи кои нема да ги знаете еден за друг.“

„Доколку еден ден сфатите дека не сте повеќе љубопитни, а проблемите во врската стануваат се поголеми, во еден момент ќе одлучите да ја прекинете врската. Затоа што токму на тоа се заснова вашата заљубеност. Секој нов слој на саканата личност до кој ќе успеете да допрете, се повеќе ќе ве воодушевува и секогаш ќе барате повеќе. Љубовта не ја убива ни бесот, ни намалениот интензитет на чувства, туку отсуството на желбата за дознавање нови работи за партнерот.“

Новинарката вели дека својот маж и ден денес не го разбира.