4 знаци кои покажуваат дека на вашата врска и дојден крајот

Иако можеби вашата врска беше идилична и многу среќна на самиот почеток, сепак со тек на време се губи страста и љубовта исчезнува, особено доколку постојат големи разлики меѓу партнерите. 

Ова се најчестите знаци кои покажуваат дека е време да се збогувате еден со друг.

Неподнослива тишина

Ваквата тишина е многу лош знак, но и индикатор за несогласувањата кои постојат меѓу двајцата партнери. Таа не е ништо подобра од кавгите.

Лош секс

Луѓето кои се во врска а со тек на време имаат лош секс или пак го избегнуваат сексот, треба да знаат дека тоа е одраз на комуникацијата во врската. Ако не можете да се сетите кога последен пат сте воделе љубов, тогаш време е да ставите крај на врската.

Многу малку заеднички нешта

Понекогаш е вистина дека спротивностите се привлекуваат, но доколку меѓу вас постојат многу разлики особено во однос на работите кои ги сакате, но и во однос на тоа каде сакате да се движи вашата врска во иднина, тоа покажува дека немате што многу да барате во таа врска.

Не постојат расправии

Иако често знаеме за одредени совршени двојки да кажеме дека се толку добри што не се расправаат, сепак треба да знаеме дека недостатокот на расправии и конфликти меѓу двете страни, значат дека често „работите се ставаат под тепих“ и дека кога тогаш тие ќе излезат на површината, правејќи поголеми проблеми.