Не постојат среќни краеви, затоа што краевите секогаш се најтажните делови.

Секое збогување го корне срцето од моите гради. Секојпат кога ќе помислам дека не можам повеќе да плачам, нова солза паѓа на моето лице.

Има денови кога се прашувам дали некогаш ќе престанам да тажам по личност која е се уште жива. Претпоставувам дека нашата приказна не е како останатите.

Сакав да се бориш за мене и ти не беше подготвен да се бориш. Ми беше потребно да останеш, но ти сакаше да трчаш слободно.

Без оглед на тоа како или зошто се случи, фактот е дека морам сега да се соочам со твоето отсуство. Останав сама да расчистувам и самата да го затворам тоа поглавје. И не сум подготвена за тоа.

Не сакав да си одиш од мојот живот.

Интересно е тоа како со нашата разделба ти се ослободи, а јас се врзав уште повеќе. Јас сум тажна и изгубена, а ти безгрижен. Ти посакувам сѐ најдобро, но истото си го посакувам и за себеси.

Сакам и јас да се чувствувам ослободено. Сакам да се будам наутро и да не ми недостасуваш. Посакувам никогаш да не се збогувавме.

Ти ми се извини кога се разделивме, но ми се извини само затоа што ти беше глупаво што сум тажна.  Не ти беше жал што ме напушташ. И мислам дека баш затоа сум заглавена тука со ова збогум. Јас тажам и за двајцата. Јас ги плачам солзите кои ти не ги исплака. Јас ја чувствувам лутината која ти не ја чувствуваш.

Учам како да се оддалечам од личност која никогаш не беше поврзана со мене. Учам како да го прифатам фактот дека збогувањата се несреќниот дел од животот.

Исто така учам дека животот продолжува и крајот создава можност за нов почеток. Исто како сонцето заоѓа секоја вечер, но изгрева секое утро. Крајот на денот не е крајот на животот.

Крајот на оваа врска не е крајот на мојата среќа. Јас ќе станам повторно. Ќе започнам ново поглавје и ќе пронајдам прекрасен нов почеток.