Камион изгоре во царински склад, опожарени уште две приколки

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 20.30 часот во СВР Скопје К.Н. пријавил дека на царински терминал на подрачјето на Гази Баба било опожарено товарно возило „мерцедес“ со босански национални ознаки со полуприколка, сопственост на правно лице, а паркирано од В.М.(35) од Босна и Херцеговина.

- Од настанатиот пожар зафатена биле приколка со скопски регистарски ознаки, паркирана од Д.Ј.(39) од Скопје и приколка со велешки регистарски ознаки, паркирана од С.Г.(53) од Велес, информираат од полицијата. 

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.