„Излези да гласаш“ упатува јавен повик до граѓаните за волонтирање на локалните избори

Граѓанската организација „Излези да гласаш“ која ќе ги следи локалните избори упати јавен повик за волонтери и набљудувачи за претстојните избори.

-„Излези да гласаш“ упатува повик до сите заинтересирани лица кои сакаат да се вклучат активно во изборниот процес и да ги следат активно овие избори. Коалицијата на граѓански организации брои 93 членки кои се вклучени во овој процес и ги покануваат сите млади заинтересирани лица да ни се обратат и да се пријават за набљудувачи и волонтери, велат од граѓанската организација.

Коалицијата за прв пат ги следеше изборите во 2008-та година, парламентраните избори, изборите во 2011, локалните избори во 2013 година со над 3.000 набљудувачи.

Парламентарните и претседателските избори во 2014 година, Коалицијата ги следеше со 5.000 набљудувачи и волонтери.

-„Излези да гласаш“ е коалиција која има долгогодишно искуство и така планираме да продолжиме и во иднина со следење на сите изборни процеси. Сите заинтересирани за волонтирање може да се пријават на izlezidaglasasizbori2017@gmail.com или во една од 93-те невладини организации вклучени во процесот. Заинтересираните треба да ги исполнуваат следните услови: да се граѓани на Македонија, да имаат навршени 18 години на денот на пријавување, да се подготвени за непристрасно следење на изборите и информирањето на процесот, да се пријават со лично име и адреса на живеење по лична карта, како и контакт телефон, да имаат искуство во набљудување на избори, нагласуваат од „Излези да гласаш“.