„Паркови и зеленило“ со апел до посетителите на излетничките места

Во пресрет на првомајските празници од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ уаптија апел до посетителите на излетничките места околу градот да се однесуваат внимателно во природа, да не палат оган и скара на отворено, да не фрлаат догорчиња цигари и да го соберат отпадот со себе и го одложат во контејнерите за отпад.

- Само така ќе ја сочуваме природата и ќе можеме да уживаме во нејзините благодети секој пат кога ќе излеземе во природа, било за рекреација, одмор или спортување, се наведува во нивниот апел. 

Дел од граѓаните прашаа дали се превидени казни за несовесното однесување на поединци. 

- Предвидени ли се казни за тие што ќе палат оган, фрлаат ѓубре, фрлаат догорчиња од цигари во природа? Ако нема казни залудно апелирате! - коментира еден граѓанин.