Вториот круг закажан за 29. октомври: Еве во кои општини ВМРО влегува со предност, а во кои СДСМ

Вториот круг од локалните избори е закажан за 29-ти октомври во 33 општини во земјава.

Според податоците на Државната изборна комисија и пребројаните гласови, во првиот круг СДСМ победиле, но го немале потребниот број на гласови од над 50 отсто од излезените гласачи во 14 општини. Во 13 општини во вториот круг против кандидати ќе им бидат ВМРО-ДПМНЕ, а во една општина кандидатот за градоначалник од НДП.

ВМРО-ДПМНЕ предност пред СДСМ има во 6 општини. Најтесна е разликата меѓу двете партии во Штип каде што кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Илчо Захариев ословил 36 гласови повеќе од кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски. Тесна е борбата и во Чешиново-Облешево, каде ВМРО-ДПМНЕ по првиот круг има предност пред СДСМ 39 гласови.

Кај албанските партии ДУИ во вториот круг ќе влезе со предност во 11 општини, Алијансата на Албанците и ДПА имаа предност само во по една општина.

Во две општини со предност во вториот круг ќе влезат независни кандидати.

СДСМ води во:

1.    Кисела Вода

2.    Бутел

3.    Гази Баба

4.    Шуто Оризари

5.    Виница

6.    Градско

7.    Демир Капија

8.    Јагуновце

9.    Карбинци

10.  Македонска Каменица

11.  Македонски Брод

12.  Росоман

13.  Старо Нагоричане

14.  Чашка

ВМРО-ДПМНЕ води во:

1.    Зрновци

2.    Кавадарци

3.    Новаци

4.    Пробиштип

5.    Чешиново-Облешево

6.    Штип

ДУИ води во:

1.    Гостивар

2.    Тетово

3.    Чаир

4.    Сарај

5.    Боговиње

6.    Врапчиште

7.    Дебар

8.    Долнени

9.    Желино

10.  Липково

11.  Теарце

Алијанса на Албанците води во:

1.    Струга

ДПА води во:

1.    Студеничани

Независни кандидати имаат водство во:

1.    Брвеница

2.    Могила