Изгоре автомобил среде Скопје

Денес (10.11.2023) во 05.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Видое Смилевски – Бато“, настанал пожар во патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на лице(29) од Скопје.

Противпожарна бригада го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.