Две лица пријавени за исчезнати во одделни случаи

МВР евидентира два одделни случаја на исчезнато лице, од кои едното е штитеник на центар за рехабилитација.

На 10.04.2022 во 16.45 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека од  Државен училишен центар за образование и рехабилитација на подрачје на Гази Баба се одалечила Х.С.(19) од Скопје, која имала здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 10.04.2022 во 18.00 часот во Полициско одделение Шуто Оризари, С.М.(52) од Скопје пријавила дека од домот се оддлачил нејзниниот син О.М.(26), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.