Дирлада, јас одам Скопје- Атина, само не знам дал ќе минам граница!

„Кога си сам и тажно е се, на неа ти сети се, Македонија ти нуди љубов и се“- вака звучат стиховите  од „Меморија“ можеби е еден од најкултните бендови кој се појавил на нашите простори.

Со почесно и заслужено место во Ек-ју рок енциклопедијата, овој бенд ни остави во наследство преубави песни кои секогаш будат носталгија.

Иако групата „Меморија“ долги години не беа активни на македонската естрада, сепак решија оваа година да не израдуваат со голем камбек- снимија нова песна „Возови“ заедно со видео спот во продукција на „Томато“ и режија на Бане Поповиќ кој воедно е и еден од членовите на бендот, а за есен најавија голем концерт во Скопје каде што веруваме дека во еден глас ќе се пее секоја нивна песна.