Голема Get EXITed забава во Струмица на 7 септември

Get EXITed забава на 7. септември во големиот градски парк во Струмица!

Влезот е бесплатен, а настапуваат неколку навистина возбудливи светски и регионални имиња!

На големата летна забава доаѓа една од водечките италијански техно ѕвезди Deborah De Luca, глобалниот хитмејкер, продуцент и DJ Mahmut Orhan, неприкосновената балканска кралица на трапот Senidah и еден од најпознатите DJ-и со интернационална кариера, Kristijan Molnar.

Наскоро ќе бидат најавени уште имиња, а влезот на оваа забава која ќе трае дури девет часа е слободен!

Get EXITed го најавува започнувањето на Exit фестивалот во Македонија, планиран за 2023 година.