Од Зоолошката градина за викндов најавуваат забава и многу дружење за најмалите

Зоолошката градина во Скопје бележе рекордна, историска посетеност. 

Новите животни, новата урбана опрема и постојаните забави за најмалите допринесуваат за тоа. 

Секој викенд, зоолошката е се повеќе полна со посетители. Од најмали до најстари. Најголема атракција сега се двете слоници, Дуња у Даела, кои од неодамна станаа жители на оваа зоолошка градина. 

Од таму, и за наредниот викенд најавуваат многу забава и дружење. 

Сабота и недела- Дизни и Марвел забава во Скопје Зоо

Во сабота 12:00-15:00 Игри, забава и фотографирање со омилените Мини и Мики. 

Во недела 12:00-15:00 Дружба и интерактивни содржини со Captain America, Iron Man и Spiderman.