Споредувајќи ја Бугарија со четири земји од поранешна Југославија што ги посетила лани, репортерка на бугарскиот портал „Актуално“ со комплименти ја опишува Македонија, вклучувајќи го и центарот на Скопје, но ја нотира и сиромаштијата.
„Во Бугарија го нарекуваат центарот на Скопје кич, но, верувајте, изгледа подобро од кадрите на телевизиите и од објаснувањата на псевдопатриоти, за кои сè на светот е бугарско, слично како македонските историчари. Има и продавници, и аптеки лесно достапни и близу, макар и не толку многу како во Ниш. Локалното население живее сиромашно. Платата на еден македонски учител е 600-700 лева во наши пари, а цените се како кај нас. Има вино за 3-5 до 10 лева. Ноќевањето е 20-30 лева, како во Ниш“, пишува Маја Џамбазова, која ги посетила и Србија, Хрватска и Словенија.
„Македонците се топли, симпатични и, макар што живеат скромно, многу се добронамерни кон странците“, констатира таа.